октомври 13, 2023
„Хуманитарен одговор 2023“
Црвениот крст на Република Северна Македонија на 18 октомври 2023 година во Скопје, организира симулациска вежба „Хуманитарен одговор 2023“ во итна ситуација–земјотрес.
Вежбата се заснова на урбани операции за пребарување и спасување, одговор при катастрофа, инциденти и кампањи за лажни вести кои ќе влијаат врз цивилното население и критичната инфраструктура!
Значајно е да покажеме дека во кризни моменти најважна е сплотеноста!
Сите ние дејствуваме со една цел, да им помогнеме на нашите сограѓани!
Покровител на вежбата ќе биде Претседателот на Република Северна Македонија, г-дин Стево Пендаровски!
На вежбата „ХУМАНИТАРЕН ОДГОВОР 2023“ Црвениот крст дејствува заедно со голем број на државни и локални институции
Центарот за управување со кризи на Република Северна Македонија
Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија
Министерството за здравство на Република Северна Македонија
Министерството за одбрана на Република Северна Македонија
Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија
Дирекцијата за заштита и спасување на Република Северна Македонија
Армијата на Република Северна Македонија
Итна медицинска помош
Министерство за труд и социјална политика
Македонска радио телевизија
Противпожарната територијална единица
Комора на психолози
ПЗУ Неуромедика
ПЗУ Никоб Медикал
Болница Аџибадем Систина
Клиника Жан Митрев
Агенција за храна и ветерина
Црвениот крст на град Скопје
Општински организации на Црвениот крст
Претставници од универзитетите во Република Северна Македонија (УКИМ, УГД, УКЛО)
Независни експерти од областа
Различни тела од Системот за управување со кризи, на локално и регионално рамниште
Национални и локални медиуми
Скопје секогаш ќе биде град на солидарноста!