ноември 27, 2023

ХУМАНИТАРЕН НАСТАН ЗА ПЕТАР

Датум : 29.11.2023 – Среда
Почеток: 19:00
Место: НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид
Почитувани хумани сограѓани, под организација на Црвен крст Охрид, со помош и поддршка од страна на Никола Тодороски, е организиран хуманитарен настан со цел собирање на финансиски средства за лекување на нашиот млад сограѓанин Петар.
Петар има 22 години и боледува од ретка болест Tyrosine Hydroxylase deficit. Хируршката интервенција не може да се изведе во Македонија, поради тоа мора да се оперира во Турција и се потребни околу 50 илјади евра.
Настанот се состои од две точки:
1. Stand Up Show – Заедно со Никола Тодороски, Никола Братучед Сиљаноски, Јован Цветкоски и Илија Богданоски.
2. Музички настап на Камелеон, ВИС “Билјана” и Urban Planet ft. Ana.
Картите ќе бидат пуштени во продажба од понеделник по цена од 200 денари. Може да ги набавите во:
1. Црвен крст Охрид (08:00 – 16:00)
2. Дел од охридските кафулиња во кои ќе се продаваат карти во текот на утрешниот ден од страна на младите волонтери
3. На влезот од НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид, на денот на настанот.
Ги повикуваме сите граѓани да ја покажат својата хуманост и да му помогнеме на младиот Петар!
 
May be an image of text that says "среда 29.11.2023 19:00 хуманитарен HACTAH за ΠΕΤΑΡ STAND UP никола тодороски никола братучед силаноски JOBAH цветк коски илија богданоски музички настап камелеон вис "биллана" "билу URBAN PLANET FT.ANA ну центар за култура "григор прличев" карти по цена од 200 денари црвен крст на република северна македонија општинска организациа охрид"
 
 
 
 
< врати се назад