
ХУМАНИТАРЕН МАЛ ФУДБАЛ ТУРНИР
Вчера, во салата на ООУ „Григор Прличев“ – Охрид, една од овогодинешните ПХВ групи која работи на социјален проект со цел помагање на секојдневните потреби на самохрана мајка, организираше хуманитарен мал фудбал турнир.
Преку овој турнир, младите уште еднаш докажаа дека спортот може да биде моќна алатка за обединување и поттикнување на солидарноста. Собраните средства од настанот ќе бидат наменети за поддршка на самохраната мајка, со цел олеснување на нејзините секојдневни предизвици и подобрување на квалитетот на живот.
Упатуваме искрена благодарност до сите учесници, поддржувачи, волонтери и посетители кои беа дел од оваа хуманитарна приказна.
Исто така, изразуваме голема благодарност до ООУ „Григор Прличев“ – Охрид за отстапениот простор и несебичната поддршка во организацијата на овој настан.
#ЦрвенКрст#ЦКмлади#црвенкрстохрид#phv2026








