
мај 3, 2024
ХУМАНИТАРЕН БАЗАР
Традиционално и оваа година Црвен крст Охрид учествуваше со свој штанд на Велигденскиот базар во организација на Општина Охрид.
На истиот волонтерите од програмата за грижа на стари лица “Најди време” и волонтерите од Клубот на млади продаваа рачно направени украси и храна.
Собраните средства од касата на Црвен крст ќе бидат наменети за лекување на наша сограѓанка на која и се потребни финансиски средства за лекување.








