септември 19, 2025

ГОЛЕМ УСПЕХ ЗА НАШИТЕ МЛАДИ УЧЕСНИЦИ НА14тиот ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН BRAINOBRAIN НАТПРЕВАР

На 14 септември 2025 година во Клотен, Цирих (Швајцарија), се одржа 14-тиот Интернационален натпревар Brainobrain. Нашите претставници од Центарот за развивање животни вештини БОБ – Црвен крст Охрид, Теона Блажески и Иван Котевски, се натпреваруваа со над 400 деца од целиот свет и освоија две први места и се вратија дома со највисоки признанија-трофеи.

Во оваа јубилејна година за Црвен крст Охрид, кога прославуваме 80 години од делувањето на нашата организација, 10 години од Меѓународниот аматерски театарски фестивал „Вдиши театар“, следува и одбележувањето на 15-годишниот јубилеј од работата на Центарот за развивање животни вештини, Бреинобреин-Црвен крст Охрид.

Токму пред 15 години во Црвен крст Охрид се одржа првиот час на Балканот и во Македонија, на интернационалната едукативна програма за развој на животни вештини БРЕИНОБРЕИН.

Со гордост ја истакнуваме 15 годишната успешна работа на Центарот за развој на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-ЦРВЕН КРСТ ОХРИД, која се огледа пред се во посветеноста и професионалноста на нашите тренери, упорноста и успешноста на децата кои ја следеле БОБ програма, како и поддршката на родителите.

Изразуваме голема благодарност до сите оние кои ја укажале довербата на нашиот центар и БРЕИНОБРЕИН програмата и придонесле, за овие изминати 15 години, преку 600 деца да бидат дел од Центарот за развој на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-ЦРВЕН КРСТ ОХРИД и ја следат програмата, 80 деца да ја комплетираат целата БОБ програма, односно успешно да ги завршат сите десет нивоа од оваа програма и како лидери во својата средина трасираат нови патишта за развивање на едно похумано и пеофикасно општествено живеење и делување.

Нашето 15 годишно искуство, резултатите од имплементација на Бреинобреин програмата и етаблираноста на нашиот центар во светски рамки, ни дава за право со гордост да продолжиме да ги промовираме уникатните, проверени и ефикасни техники и вештини кои ги дава Бреинобреин програмата, имплементирани од високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени според меѓународните стандарди на оваа програма, кои преку техниките Абакус Ментална Аритметика (АМА) и Неуро Лингвистичко Програмирање (НЛП) помагаат децата на возраст од 4-14 години да достигнат развој и целосно искористување на мозочниот потенцијал и да бидат спсобни да ги користат двете хемисфери на мозокот, подеднакво и ефикасно. Преку БРЕИНОБРЕИН програмата децата ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.

< врати се назад