ноември 9, 2022
ГЕРИЛА – АКЦИЈА ЗА БОРБА ПРОТИВ ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ
Младите волонтери од Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Охрид, како сертифицирани врснички едукатори за трговија со луѓе, осмислија и реализираа едукативен перформанс за превенција од трговија со луѓе како дел од нивната програма за работа.
На ден 08.11.2022 година, во соработка со СВР Охрид, како герила-акција го изведоа во спортската сала на училиштето СОСУ „Св. Кирил и Методиј “ во Охрид, каде учениците и професорите можеа да проследат три сцени на кои беше претставена сексуална експлоатација, експлоатација на труд и трговија со деца, придружени од некои од најважните факти за трговијата со луѓе.
Целта на овој перформанс беше да се покрене свеста кај младите и тие да се едуцираат за овој социјален феномен на модерно ропство, ризиците и ужасите на тргвовијата со луѓе, но и за начините како да се заштитат.
ИНФОРМИРАЈТЕ СЕ И ОСТАНЕТЕ ЕДУЦИРАНИ