
GAME NIGHT
Како една од најпосетуваните активности на Клубот на млади при Црвен крст Охрид, во рамки на кампањата за регрутација на нови млади волонтери #МладиЗаОхрид, вчера вечер во просториите на Црвен крст Охрид се одржа уште едно “Game Night” дружење.
Настанот беше исполнет со многу смеа, тимска работа и забава, а младите имаа можност подобро да се запознаат, да се дружат и да ја почувствуваат атмосферата на волонтерството.
Со ваквите активности, Клубот на млади ја покажува важноста на заедништвото и дружбата како клучни вредности во волонтерската работа.
Доколку и ти сакаш да бидеш дел од оваа енергија, да се дружиш и да придонесеш во твојата заедница, приклучи се кон нашиот тим на волонтери!
#ЦрвенКрст#ЦКмлади#младизаохрид











