септември 3, 2025

GAME NIGHT

Клубот на млади при Црвен крст Охрид ве поканува на незаборавен Game Night која ќе се одржи на 06.09.2025 (сабота) во просториите на Црвен крст Охрид, со почеток во 20:00 часот во рамки на кампањата за регрутација #младизаохрид.

Оваа вечер е наменета за дружба, зајакнување на волонтерскиот дух и убаво поминато време. Ќе создадеме нови пријателства и ќе уживаме во младинскиот дух на Црвениот крст.

Дојдете со супер расположение, понесете позитивна енергија и бидете дел од вечер полна со смеа, забава и тимска работа.

#ЦрвенКрст#ЦКмлади#младизаохрид

< врати се назад