мај 6, 2025

Фитнес тренинг за постари лица – за здраво и активно стареење

Црвен крст Охрид, во соработка со Здружението „ВОЛЕЈ“ повторно организираа фитнес тренинг и забавни игри за волонтерите од Програмата за грижа за стари лица „Најди време“ и за дел од корисниците на програмата.

Во пријатна атмосфера, учесниците уште еднаш ја истакнаа важноста од редовна физичка активност за зачувување и унапредување на здравјето, како и за подобрување на општата благосостојба кај постарите лица.

Настанот служеше како потсетник дека активниот начин на живот не познава години и дека секој ден е добра можност за движење, дружење и позитивна енергија.

Програмата „Најди време“ и Здружението „ВОЛЕЈ“ ќе продолжат со оваа плодна соработка и во иднина, со цел промоција на активно и здраво стареење во нашата заедница.

< врати се назад