октомври 19, 2024
ЕВРОПСКИ ДЕН НА БОРБА ПРОТИВ ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ
Секоја година на 18 октомври на национално ниво се одбележува – ЕВРОПСКИОТ ДЕН НА БОРБА ПРОТИВ ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ.
На 18.10.2024, Црвен крст Охрид организираше информативно едукативна работилница за превенција на трговија со луѓе во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид, која беше спроведена од страна на врснички едукатори за трговија со луѓе – Теона Талевска и Лија Камбер.
Учесниците на оваа едукативна работилница имаа можност подобро да се запознаат со видовите на трговија на луѓе како и нивната превенција.