ноември 20, 2021

Евакуациска вежба во ОМУ Методи Патче и ОУ Живко Чинго, с. Велгошти

Своите оперативни планови за заштита и спасување и плановите за евакуација, според соодветно сценарио, на 19.11.2021 г. ги увежбуваа учениците и вработените во ОМУ Методи Патче и ОУ Живко Чинго, с. Велгошти, со поддршка на тимовите на СВР Охрид, ТППЕ Охрид и Црвен крст Охрид и претставници на ДЗС и ЦУК. Ваквите симулациски вежби ќе продолжат да се изведуваат и во останатите училишта во Охрид и Дебрца.

< врати се назад