ноември 12, 2021

Евакуациска вежба во ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ Охрид

И ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ Охрид на 12.11.2021 го испробуваше и применуваше оперативниот план за заштита и спасување и планот за евакуација во училиштето преку реализација на показна тренинг вежба според соодветно сценарио.

Целта беше, учениците, професорите и техничкиот персонал во училиштето да се запознаат и ги разработат начините на заштита и насоките на движење при евакуација од училишната зграда, после случен земјотрес и пожар. На вежбата учествуваа и соодветни тимови на Територијалната против пожарна единица Охрид, СВР Охрид и Црвен крст Охрид, како и претставници на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи.

Продолжуваме со реализација на вакви вежби и во останатите средни и основни училиште во Охрид и Дебрца.

< врати се назад