септември 3, 2024

ESCAPE ROOM DOOMSDAY SHELTER

Во периодот од 28 до 30 август на паркингот на Младински центар Охрид и Касарна Хаб, волонтерите од Клубот на Млади на Црвениот Крст Охрид самоиницијативно организираа Escape Room по втор пат на кој учествуваа 19 групи на млади.

Волонтерите го организираа овој настан, кој им овозможи на младите да стекнат важни вештини од областа на првата помош и да научат да работат под притисок како тим, функционирајќи како единствена целина .

На крајот, сите учесници сфатија дека не секогаш работите одат според планот и дека понекогаш е потребно да се импровизира во одредени ситуации.

Иницијативата беше покрената од страна на волонтерот Арсениј Ѓоршески, а следните волонтери помогнаа во нејзина реализација :

Организација : Јана Каралиевска, Исидора Маркоска, Ѓорѓи Шикалоски, Надица Новеска, Марија Николоска, Радмила Герасимова, Трајанка Трпеска, Борче Исакоски

Логистичка и техничка поддршка : Иво Георгиески, Софија Иваноска, Климент Мостро, Христијан Јанкулоски, Коста Јованоски

Глумци : Лина Јоноска, Софија Митреска, Теона Талевска, Никола Чекреџи, Анастасија Атесленко, Давор Толоманоски, Антонио Андоновски, Рахим Ѓулиоски, Ангел Крстески, Анастасија Треноска

Посебна благодарност до општинската организација, МЦО Охрид, Касарна Хаб и сите останати вклучени во реализацијата на оваа активност .

Собраните средства ќе бидат наменети во хуманитарни цели.

Најпопуларната фраза на Escape Room беше „Гледај ме во очи“. Ова не беше случајно, туку со цел да се истакне важноста на преземање одговорност и справување со предизвиците со самодоверба и решителност .

ГЛЕДАЈ МЕ В ОЧИ

#ЦКмлади

< врати се назад