
ЕКОЛОШКИ ЕДУКАЦИИ
Во склоп на националната програма “Зелен Волонтеризам” започна реализацијата на еколошките едукации во основните училишта од нашиот град .
Беа одржани четири врснички едукации изминатава недела, и тоа :
-17.5.2024 – Борче Исакоски одржа врсничка едукација со 15 дечиња од прво одделение од ООУ “Христо Узунов”.
-21.5.2024 – Калина Стојаноска и Ангел Крстески одржаа врсничка едукација со 50 ученици од трето одделение од ООУ “Христо Узунов”.
-21.5.2024 – Радмила Герасимова и Ивона Тасеска одржаа врсничка едукација со 22 ученици од трето одделение од ООУ “Христо Узунов”.
-21.5.2024 – Борче Исакоски и Ивона Тасеска одржаа врсничка едукација со 49 ученици од трето одделение од ООУ “Христо Узунов”.
На овие едукации дечињата се запознаа со тоа зошто е важно да го фрлаат отпадот во канта, да селектираат отпад, како и колку време му е потребно на различните материјали да се разградат во природата.




