декември 28, 2022

ЕКОЛОШКА АКЦИЈА

На ден 02.12.2022 над 100 волонтери Пиварци, претставници од општините Охрид, Струга и Дебрца, Црвен крст Охрид, Клубот за подводни дејности Охрид и нуркачките клубови Акватек и Амфора учествуваа во чистењето на дното и крајбрежјето на Охридското Езеро на 7 локации.
 
Акцијата беше организирана од Пивара Скопје преку брендот СКОПСКО, а поддржана од Министерството за животна средина и просторно планирање и Пакомак.
 
Собран беше отпад на вкупна површина од над 100.000 метри квадратни во трите општини кои се директно поврзани со водата на Охридското Езеро.
 
< врати се назад