декември 2, 2025

ЕДУКАЦИЈА НА ТЕМА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ХИВ/СИДА!

Денеска, во рамките на одбележувањето на Неделата за борба против ХИВ/СИДА (1–7 декември), Црвен крст Охрид организираше едукација на тема превенција од ХИВ/СИДА во ООУ „Братство Единство“ – Охрид.

Целта на овие едукации е да се зголеми знаењето кај младите, да се подигне свеста и да се создаде поколение кое е информирано, одговорно и подготвено да донесува здрави и безбедни одлуки.

Едукаторот, др. Јованка С. Коровешоска ја пренесе пораката дека превенцијата, навременото тестирање и точната информираност се клучни за намалување на ризиците и борба против стигмата.

Со ваквите активности продолжуваме да градиме посилна, посвесна и подобро информирана млада заедница.

< врати се назад