мај 10, 2024

ЕДУКАЦИИ ПРОТИВ ФОРМУЛА НА ВОДA

Во текот на ПХВ циклусот група младинци одлучија дека сакаат да превземат иницијатива за спречување на одржување на формула на вода во Охридското Езеро.
Одржувањето на овој настан би испуштило многу штетни гасови во Охридското Езеро кои ќе го нарушат биодиверзитетот, ќе придонесат во истребување на ендемските видови во езерото и ќе ја нарушат температурата на истото. Исто така, би биле отстранети од листата за заштита од УНЕСКО.
Со цел да придонесат да се спречи сето ова, групата РИБАРЧИЊА, одржаа неколку едукации, во периодот од 10ти до 20ти април, во училиштата во Лескоец, Дебрца, Требеништа, Рача и Григор Прличев. Со овие едукации беа презентирани сите закани кои се предизвикани од настанот – формула на вода F1-H2O.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
May be an image of 8 people and people studyingMay be an image of 13 people and people studying
 
 
 
< врати се назад