јули 22, 2022

Eдукативни флаери со совети за превенција од топлотен бран

Во овој летен период со жешки температури, важно е нашите граѓани да се информирани за тоа како да се заштитат од топлотниот бран.
 
За таа цел младите волонтери од Клуб на Млади од Црвен крст Охрид делеа едукативни флаери со совети за превенција од топлотен бран и шише ладна вода.
 
Вниманието најмногу го насочија кон повозрасните лица и хронично болните кои се во поголем ризик во ова топло време.
 
 
За време на најтоплиот период од денот(од 10ч до 17ч):
– избегнувајте напорни физички активности на сонце;
постојано внесувајте течности;
– избегнувајте мрсна калорична храна;
– носете светла лесна облека и заштитни очила и капа.
 
< врати се назад