декември 25, 2023

Едукативната програма ПОЛЕТАРЧЕ

И најмладите членови на Црвен крст Охрид, децата кои ја посетуваат едукативната програма ПОЛЕТАРЧЕ за подготовка на деца за во училиште и децата кои ја следат Бреинобреин програмата во Центарот за развивање на животни вештини Бреинобреин-Црвен крст Охрид, имаа заедничка предновогодишна дружба во ИБ фитнес центарот.
👉Насмеани, со игра, забава и спорт, одбележаа завршување на уште еден успешен, есенски циклус од соодветната едукативна програма, за што, од своите тренери добија соодветни сертификати и новогодишни подароци и ја потенцираа својата мотивација и подготвеност за соочување со новите предизвици кои ги носат овие едукативни програми во наредната 2024 година.
👉Едукативната програма ПОЛЕТАРЧЕ веќе втора година се спроведува во Црвен крст Охрид, а ја следат деца од 3-5 годишна возраст кои имаат единствена можност, преку игра, забава и дружење да ја развиваат и јакнат самодовербата, да применуваат креативни вежби за размислување, вежби на графомоторика, вежби на фина моторика, вежби за осознавање и разбирање на просторните и временските односи, вежби за говорот, социо-емоционални вежби, вежби за насочување и одржување на вниманието и друго.
👉Интернационалната Бреинобреин едукативна програма веќе 13 години се спроведува во најстариот Центар за развивање животни вештини на Балканот, БОБ-Црвен крст Охрид, во кој имаат деца од 4-14 години имаат можност да ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми. Заедно со своите тренери, БОБ генијалците испраќаа уште една плодна и успешна година и подготвени се за предизвиците кои ги носат новите нивоа на Бреинобреин програмата во наредната 2020 година. На крај, сите добија новогодишни подароци.
👉Новиот, пролетен циклус на забавно-едукативната програма ПОЛЕТАРЧЕ и Бреинобреин започнува во февруари-март 2024.
 
 
 
 
 
 
 
 
May be an image of 1 person, child and text
May be an image of 2 people and text that says "црвен крст ретублика северка македонија програма за подготовка на деца aB училиште полетарче A вода lthy Oxp + M yea едукативе"
May be an image of 1 person, children's toy and text
May be an image of 1 person, child and text
May be an image of 1 person, child, children's toy and text
 
 
 
 
< врати се назад