
мај 29, 2024
Еднодневна посета на Центарот за грижа на стари лица при Црвен крст на Град Скопје
На покана на Црвен крст на Град Скопје волонтери од групата за Грижа за стари лица „Најди време“ при Црвен крст Охрид на ден 22.05.2024 година беа на еднодневна посета на Центарот за грижа на стари лица при Црвен крст на Град Скопје.
Посетата се организира со цел размена на искуства и продлабочување на меѓусебната соработка.
Биди и ти волонтер, приклучи се во Програмата за грижа на стари лица! Заедно да направиме позитивни промени за нашите граѓани!

