мај 7, 2020
Достава на прехранбени производи од Жито леб
Изминативе три недели, екипи на Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Охрид и на Општина Охрид продолжија да ја спроведуваат хуманитарната акција на Општинскиот кризен штаб и на „Жито леб“; секој ден, во попладневните часови, мобилните тимови доставуваа леб и печива донирани од „Жито леб“ до лица во социјален ризик кои живеат на територијата на Општина Охрид.
Во рамките на оваа акција, од нејзиниот почеток на 16.04.2020 г. до 07.05.2020 г., продукти од „Жито леб“ се дистрибуирани до 526 семејства од Охрид, Лескоец, Велгошти и Куратица.