март 16, 2020
Достава на прехрамбени производи од Жито леб
Од 16.04.2020, мобилните тимови на Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Охрид и на Општина Охрид започнаа да ја спроведуваат хуманитарната акција на Општинскиот кризен штаб и на „Жито леб“ за достава на продукти од овој познат производител на леб и бели печива до социјално загрозени домаќинства.Оваа активност ќе се реализира секој работен ден, во попладневните часови, а ќе бидат опфатени ранливи семејства од повеќе категории кои се дел од евиденцијата на Општинска организација Охрид .