
Донација на ЈЗУ „Психијатриска болница“ – Демир Хисар
На иницијатива на волонтерите од Клубот за грижа на стари лица „Најди време“ при Црвен крст Охрид се реализира хуманитарна акција – донација на облека, ќебиња и постелнини на ЈЗУ „Психијатриска болница“ – Демир Хисар.
Оваа донација е израз на нашата посветеност кон подобрување на условите за престој и нега на пациентите во оваа установа, која претставува значаен центар за лекување на лица со нарушено ментално здравје.
Изразуваме искрена благодарност до раководството и персоналот на ЈЗУ „Психијатриска болница“ – Демир Хисар за отворената и конструктивна соработка. Ваквите заеднички активности се поттик за продолжување на хуманите мисии и зајакнување на партнерствата во заедницата.

