јануари 9, 2025

Донации на хуманитарни пакети со прехрамбени производи и средства за хигиена од Canadians For Children At Health Risk (CCHR) од Канада

Повеќегодишната успешна соработка на Црвен крст Охрид со организацијата Canadians For Children At Health Risk (CCHR) од Канада продолжува и оваа година во делот на социјално-хуманитарната дејност.

Хуманите членови на оваа организација во Канада, обезбедија средства за хуманитарни пакети со прехрамбени производи и средства за хигиена кои денес, во рамки на Божиќните празници, беа поделени на 12 семејства во социјален ризик од Охрид.

< врати се назад