мај 18, 2018

Донација од Холандија

Во рамки на долгогодишната и континуирана соработка на Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Охрид со Националниот Здравствен Сервис на Холандија(NHS) во делот на првата помош, на 17.05.2018 г. се реализира нова донација наменета за тимовите на парамедици на Општинска организација Охрид и на тимовите на спасители од Службата за спасување на планина и непристапни терени при Општинска организација Охрид. Донацијата се состои од два LIFE PACK монитори на кои можат да се следат виталните животни функции во човечкото тело и во случај на потреба да се интервенира со вграден дефибрилатор.

Посетата на претставникот на NHS од Холандија Роб Судмајер, кој воедно е и инструктор за прва помош на Црвен крст Зеволде  ќе биде искористенa за подготовка на програма за нова обука за парамедици за потребите на Општинска организација Охрид, која според европските стандарди и под водство на инструктори од NHS од Холандија би се реализирала во месец септември 2018 година.

 

 

< врати се назад