мај 12, 2020

Донација на заштитни маски во Црвен крст Охрид

Здружението на пензионерите Охрид и Дебрца, на 12.05.2020 г. на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Охрид му врачи одредена количина на заштитни маски за повеќекратна употреба. Заштитните маски кои се наменети за целната група на пензионери за Општина Охрид се доделија преку волонтерите на Црвен крст Охрид особено на оние пензионери кои се немоќни, изнемоштени и тешко можат да обезбедат заштитни средства во руралните средини. Здружението покрај ова им доделува заштитни маски и на пензионерите кои секојдневно доаѓаат во Здружението. Покрај тоа, Здружението на пензионерите на Охрид и Дебрца пред во месец април исто така преку волонтерите на Црвен крст, на 100-тина пензионери им врачи 100 пакети со заштитни хигиенски средства од пандемијата КОВИД-19. Во оваа насока успешната сооработка помеѓу Црвен крст Охрид и ЗП Охрид и Дебрца ќе продолжи континуирано и во иднина

< врати се назад