мај 23, 2020

Донација на облека од Здружение на пензионери од Општина Охрид и Дебрца

Здружението на пензионерите од Општина Охрид и Дебрца согласно програмските активности, а по повод состојбата со корона вирусот КОВИД-19, преку Активот на пензионерките организираа хуманитарна акција со која собраа поголема количина на облека која на ден 22.05.2020 год. ја предадоа како донација на Црвен крст Охрид .

Облеката  ќе биде дистрибуирана преку Црвен Крст на пензионери и други граѓани на кои им е потребна.

< врати се назад