мај 25, 2021

Доделување сертификати БОБ

Уште една генерација на деца, десета по ред, покажаа и докажаа дека само со упорност, искрена посветеност и работа, поддршка од родителите и под водство на квалитетни и креативни тренери може да се достигне целта, завршување на комплетната Бреинобреин едукативна програма во Центарот за развивање животни вештини Бреинобреин – Црвен крст Охрид. На 23.05 во прекрасен природен амбиент на манастирот „Св.Спас“ во с. Горно Лакочереј, Охрид на овие деца, во присуство на нивните родители им беа доделени меѓународните сертификати за комплетно завршена БОБ програма. Не изостанаа и подароци за секој ученик доделени од страна на тренерот на групата Валентина Кузмановска.

Бреинобреин – Црвен крст Охрид Центарот за развивање на животни вештини работи под франшизерство на Бреинобреин академијата од Ченаи, Индија од 2010 година. Во центарот се имплементира едукативна програма наменета за деца од 4-14 годишна возраст кои преку најразлични техники и вештини ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат способностите за фотографска меморија, концентрација, нумерички и вербални способности, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми. Оваа светски призната и докажана програма ја спроведуваат високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени од меѓународни инструктори.

Бреинобреин програмата во Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Охрид во моментов ја следат преку 70 деца, а во септември започнуваат уписите на нови групи.

< врати се назад