октомври 21, 2022
ДОДЕЛУВАЊЕ НА ПХВ ПЕХАР
Изминатиот период главната вест на репертоарот на Црвен крст Охрид е првото место на национално ниво меѓу 33 општински организации во рамки на ЦКА – ПХВ програмата.
На свечената церемонија која што се одржа вчера во општина Охрид беа доделени наградите за сите општински организации кои постигнале највисок успех во овој циклус – оценката СОНЦЕ, но и паричните награди за прво, второ и трето место на Црвен крст Охрид, Струмица и Центар.
Пехарот за освоено прво место и најмногу проекти оценети со сонце Црвен крст Охрид го добива по четврти пат во рамките на програмата која се реализира околу 20 години.
Во текот на овој циклус, околу 800 младинци на национално ниво со 42 дисеминатори, 9 ментори и 30 инструктори, и секако помош од сите хуманисти изработија 120 мали проекти со кои собраа околу 27000 евра преку вложени околу 25 илјади волонтерски часови и притоа помагајќи на 5180 лица од ранливи категории.