
мај 17, 2024
ДОДЕЛУВАЊЕ БЛАГОДАРНИЦИ ЗА КОНКУРС „ДУХОТ НА ХУМАНОСТА“
Во рамки на програмските активности за развивање на креативниот дух кон развој и подигнување на свеста и учество во хуманоста со промоција на хумани вредности и делотворност кај целата популација, особено кај младите и децата во нашата потесна и поширока заедница, Клубот за грижа за стари лица при Црвен крст Охрид распиша литературен и ликовен конкурс на тема „Духот на хуманоста“.
На овој конкурс со прекрасни творби учествуваа ученици од основните и средни училишта од Општина Охрид.
Во просториите на Црвен крст Охрид на ден 13.05.2024г. се одржа свечено доделување на благодарници и пригодни подароци на наградените ученици за литературни и ликовни творби.








