
Доделени награди на охридските Бреинобреин генијалци
Денеска, во просториите на Црвен крст Охрид беа доделени наградите на охридските Бреинобреин генијалци од Центарот за развивање на животни вештини БОБ Црвен крст Охрид, кои учествуваа на овогодинешниот 9-ти по ред Национален Бреинобреин натпревар.
Оваа година за прв пат натпреварот се одвиваше во два дела. Прв дел на 10 мај, натпреварување во Охрид, во просториите на Црвен крст и втор дел на 16 мај свечено доделување на наградите и демо презентации во Скопје.
Од нашиот центар учествуваа вкупно 36 ученици и се натпреваруваа во неколку категории. Сите дечиња се здобија со награди и тоа 13 трофеи, 13 златни и 10 сребрени медали.
На демо презентацијата од нашиот центар се претставија 4 ученици. Во исто време свиреа и пресметуваа, делеа и пресметуваа, решаваа три суми во исто време со Алфабет диктати (диктати со букви каде бројот е заменет со буква).
Овој натпревар е уште еден голем успех за охридските Бреинобреин генијалци, а овој успех се должи на посветеноста, вложениот труд и упорната работа на децата, на посветениот и професионален ангажман на тренерите и на поддршката од родителите.
Честитки до сите ученици за постигнатиот успех!
Благодарност до родителите за нивната несебична поддршка во текот на самата подготовка за натпреварот како и до и до тренерите за нивната максимална ангажираност и посветеност.
Поттикнати од овој успех продолжуваме со имплементација на Бреинобреин програмата фокусирани на подобрување на излезните развојни резултати кај децата и градење поттикнувачки амбиент за учење преку креирање мотивација и позитивен пристап кон учењето кој им помага на децата да развијат вештини, знаења, компетенции, самодоверба и чувство на социјална одговорност.








