мај 26, 2020

Дистрибуција на пакети-донација од UN Women

Во текот на изминатата работна недела (од 18.05 до 22.05.2020), Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Охрид во соработка со Центарот за социјална работа Охрид дистрибуираше пакети со прехранбени продукти и со средства за хигиена донирани од UN Women. Овие хуманитарни пакети беа наменети за самохрани родители и за жртви на семејно насилство евидентирани во Центарот за социјална работа Охрид.

< врати се назад