
ДИСЕМИНАЦИСКИ АКТИВНОСТИ
Во рамките на активностите за одбележување на Светскиот ден и Неделата на Црвен крст и Црвената полумесечина, вчера (21.5.2024) беше одржана дисеминациска сесија со дел од дечињата кои ја посетуваат BRAINOBRAIN програмата во Црвен крст Охрид .
Истата ја одржаа досегашниот лидер на Клубот на млади Борче Исакоски, како и новите лидер и заменик – лидер Иво Георгиески и Сара Петкоска преку интерактивна сесија во која тие се ставија во улогата на Анри Динан и неговите соработници и ја раскажаа приказната за основањето на организацијата, нејзините активности, значењето на амблемот и принципите.
Се заблагодаруваме на Бреинобреин – Црвен крст Охрид и се надеваме на уште поголема соработка и повеќе заеднички активности во иднина.




