
мај 8, 2025
ДИСЕМИНАЦИСКА СЕСИЈА СО КЛУБ НА МЛАДИ
Во рамки на одбележување на Неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина од 8 до 15 мај под мотото “На страната на хуманоста”, на 08.05.2025 година, на последниот редовен состанок на Клубот на млади при Црвен крст Охрид се одржа дисеминациска сесија со волонтери од Клубот на млади.
На оваа дисеминација присуствуваа 15 волонтери кои имаа можност подобро да се запознаат со историјата на Црвениот крст, мисијата и порака што ја шири Црвениот крст како и подобро да се запознаат со активностите кои ги реализира.


