мај 10, 2025

ДИСЕМИНАЦИСКА СЕСИЈА СО ДЕЦА ОД БРЕЈН О БРЕЈН

Во рамки на одбележувањето на Неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина, оваа година под мотото „На страната на хуманоста“, Црвен крст Охрид организира повеќе активности.

На 09.05.2025 година, волонтери од Клубот на млади при Црвен крст Охрид одржаа

ДИСЕМИНАЦИСКА СЕСИЈА СО ДЕЦА ОД БРЕЈН О БРЕЈН.

На оваа работилница присуствуваа 10 деца, кои преку интерактивни игри подобро се запознаа со историјата, мисијата и активностите на Црвениот крст.

#ЦрвенКрст#ЦКмлади

< врати се назад