март 23, 2026

Дисеминациска сесија

Kако почеток за работење на секцијата Прва помош во ООУ Ванчо Николески која има за цел да ги подготвува учениците за претстојните општински натпревари по Прва помош, со 18 ученици од VI – IX одделение во ООУ „Ванчо Николески“, се одржа дисеминацискa сесиja.

Истата ја реализираше Весна Терзиоска, дисеминатор од Црвен крст Охрид, а во рамки на остварување на годишниот интегрален план за дисеминациски сесии на Црвен крст Охрид за 2026 година

Дисеминациската сесија беше во форма на работилници, со интерактивни вежби и дискусии. Најпрво беше направена вежбата ЗСНУ, преку која дисеминаторот ги дијагностицира предзнаењата за Црвен крст од страна на учениците и детектира кои се нивните очекувања. Потоа учениците беа запознаени со Движењето Црвен крст и црвена полумесечина, историјатот на движењето, основните принципи, употреба и заштита на амблемот, работењето на Црвен крст Охрид (основните програми, но и програмите плус).

Потоа следуваше заедничко проследување на видеото U2 кое учениците го изгледаа, па се дискутираше околу тоа кој е присутен на терен, како, што прави, кому помага и сл.

Посебен акцент беше ставен на волонтирањето како процес, на придобивките од истото (како за волонтерот, така и за заедницата), карактеристики на волонтерот и можностите за волонтирање во Црвен крст Охрид. Учениците беа исклучително мотивирани, заинтересирани, вклучени во вежбите и дискусиите и покажаа интерес за волонтирање во Црвен крст Охрид

< врати се назад