декември 7, 2022
Дисеминациски сесии по повод Меѓународниот ден на волонтерите
По повод Меѓународниот ден на волонтерите 5 декември, во просториите на Црвен крст Охрид на иницијатива поттикната од Ученичкиот парламент, од страна на дисеминаторот Христина Кузманоска се одржа презентација на 33 ученици од V до IX одделение под менторство на педагогот од Основното подрачно училиште „Григор Прличев“ од н.Рача, Охрид, на тема „Волонтерство – значење и предности“. Презентирани беа материјали за историјатот на движењето, основни принципи, Програмите при Црвен крст Охрид (здравствено-превентивни програми, социјално-хуманитарна дејност, подготвеност и дејствување при катастрофи, дисеминација) како и волонтерство (што претставува волонтерство, волонтер, волонтер-член и локален план). Од страна на учениците е покажан особен интерес, прашања, коментари и дискусии, како и заинтересираност за да постанат волонтери на нашата организација. Со ова се продолжува соработката која ја имаат Црвен крст Охрид и OОУ „Григор Прличев”, Охрид како и фактот дека ученици од мали нозе се запознаени со големината која во себе ја носи волонтерството.
Во ООУ “Ванчо Николески” Лескоец во рамки на наставната програма по Граѓанско образование, наставничката Александра Петревски и педагогот Весна Терзиоска која воедно е и волонтер, дисеминатор и ориентер во Црвен крст Охрид реализираа интерактивни работилници за волонтеризмот. Работилниците беа реализирани со учениците од VIIIa и VIIIб одделение, а со цел истакнување на важноста од волонтирање заради личен развој и општествена одговорност. Учениците се запознаа со поимот волонтеризам, со тоа кој може да биде волонтер, со можностите за волонтирање, како и со тоа кои се придобивките од волонтирање. ООУ „Ванчо Николески“ го поттикнува волонтирањето и граѓанскиот активизам кај своите ученици, преку разни форми на активности и ученички иницијативи поддржани од самите наставници и менаџментот на училиштето.