октомври 11, 2021

Дисеминациска сесија во просториите на СВР Охрид

Во рамки на планираните активности и насоки на НД/ЦКРСМ и успешно одржаната координативна средба со претставници на институции и установи од областа на безбедноста, управување со кризи, заштита и спасување, здравство, социјална работа и локална самоуправа, на ден 11.11.2021 тим на Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Охрид, во просториите на СВР Охрид,  реализираше работилница на која учество зедоа 35 полициски службеници и пожарникари, при што беа презентирани и промовирани мисијата, визијата, организацијата и активностите на Движењето на Црвен крст и Црвена полумесечина, нашето Национално Друштво и на Црвен Крст Охрид и Меѓународното хуманитарно право – акцент на допирни точки со функцијата и надлежноста на слушателите. Презентацијата и дополнителните објаснувања предизвикаа интерес, дискусии и прашања и предлози за натамошна тематска и работна комуникација.

< врати се назад