ноември 29, 2021

Дисеминациска сесија со учесници, вработени во Општина Охрид, РЦУК Охрид и ДЗС Охрид

Во рамки на планираните активности, на 26.11.2021 година, дисеминациски тим на Црвен крст Охрид реализира дисеминациска сесија со учесници, вработени во Општина Охрид, РЦУК Охрид и ДЗС Охрид, при што, покрај општиот опфат и дизајнирана презентација, посебен акцент е ставен на капацитетите и ресурсите и заедничките спојни точки за акција и активитет во превенција решавање на кризни и конфликтни состојби и ситуации со практичен приказ на делови од МХП, Женевските конвенции од 1949 година и Дополнителните протоколи од 1977 година, одредби за цивилната заштита и цивилната одбрана, меѓународната знаковна и сигнална комуникација со дадени примери на национално и локално ниво.
Презентирани се и потенцирани практични прашања и проблеми кои бараат заеднички и кординативен пристап.
Од страна на присутните е покажан особен интерес, прашања, коментари и дискусии, при што се дадени конкретни предлози за иницијативност и заеднички пристап.
< врати се назад