Дисеминациска сесија со медицински персонал од Општата болница во Охрид
На ден 25.11.2021год., во рамки на програмските активности,од страна на дисеминациски тим, во просториите на Црвен крст Охрид, се одржа дисеминациска сесија/работилница со медицински персонал од скоро сите одделенија при Општата болница во Охрид. Покрај општиот дисеминациски опфат посебен акцент е ставен на допирните точки со целната група: амблемот, користење, употреба/злоупотреба; здравствено-превентивните програми (прва помош, парамедици, психолошка помош, обуки за прва помош, обуки и оспособување на негователи и лични асистенти, спасување на вода и планина, можности и ресурси на ЦК); ресурсниот и кадровски капацитет на Црвен крст Охрид и можност за вклучување и волонтирање, при што е покажан особен интерес, коментари, прашања и дискусии. За одбележување е нивниот интерес за активно вклучување и волонтирање во програмите на Црвен крст Охрид.