декември 7, 2023
Дисеминацијата за Црвен крст
На ден 6.12.2023 дисеминаторите Радмила Герасимова и Ана Мојсоска одржаа општа дисеминација за Црвениот крст.
Дисеминацијата за Црвен крст е важен дел којшто мора да го помине секој волонтер, со цел да ги знаеме основите за нашата организација, како да се однесуваме кога сме дел од неа и најбитно од се’, кои можности ни ги нуди Црвениот крст и каде се можеме да ја покажеме нашата хуманост.
На дисеминацијата беа присутни нови волонтери, како и претставници од младинските заедници на средните училишта во градот Охрид, со цел проширување на нашето движење и регрутирање нови волонтери!