декември 22, 2022

Дисеминација за членови на Собранието на Црвен крст Охрид

На 21.12.2022, во просториите на Црвен крст Охрид, се одржа дисеминациска сесија за членовите на Собранието на Црвен крст Охрид.
 
Во текот на сесијата, учесниците се запознаа со историјата и со основните принцпи на Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, за улогата на Меѓународниот комитет на Црвениот крст и Меѓународната федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина, за активностите на националните друштва, за дејствувањето на Црвен крст Охрид итн.
 
Дисеминациската сесија ја одржаа Весна Терзиоска, потпретседател на Црвен крст Охрид и Љупчо Милкоски, долгогодишен волонтер на Црвен крст Охрид.
< врати се назад