Детски час за приказни
На 30.05.2019 година се одржа последниот час од пролетниот циклус од програмата која се одржува во просториите на Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Охрид, „Време е за книга – Story Hour, на кој освен дечињата, присувствуваа и нивните родители. Тимот волонтери, за оваа пригода избра одлична детска книга „Hooray for you“ преку која на дечињата им се заблагодари за нивната уникатност и посебност. Децата и волонтерите ги пееја нивните омилени песнички од овој циклус и на самиот крај од церемонија, примија сертификати за активно учество во пролетниот циклус.
Пролетниот циклус започна во февруари и траеше 16 недели. Во реализацијата на програмата, овој циклус учествуваа 25 деца на возраст од 4-7 години.
Тимот кој го осмисли и реализираше содржинскиот дел од циклусот беше составен од 7 волонтери кои на интересен и забавен начин и овој пат кај децата ја поттикнуваа љубовта кон книгата преку читање и изнајмување книги, пеење песнички и креативни изработки. Следниот циклус од програмата започнува во септември!