
јануари 21, 2025
ДЕНОТ НА РИБАРИТЕ
На ден 20.01.2025, тим од спасители на вода од Центарот за безбедност на вода и тим од прва помош при Црвен крст Охрид беа присутни на настанот ДЕНОT НА РИБАРИТЕ.
Со своето присуство, тие обезбедија дополнителна сигурност за учесниците и посетителите, секогаш подготвени да реагираат во случај на потреба.
Горди сме на нашите спасители кои секојдневно придонесуваат за безбедноста на сите нас!



