февруари 14, 2020

Ден на вљубените

Во организација на Црвен Крст на Република Северна Македонија-Општинска Организација Охрид, на ден 14.02.2020 по повод Денот на вљубените ,,Св.Валентин’’ се спроведе активност од хуманитарен карактер. Волонтерите од Клуб на Млади се собраа и заедно препакуваа и украсија чоколадни срциња и изработија честитки кои беа продавани низ центарот и кафичите во Охрид по симболична цена. Средствата собрани од оваа акција ќе бидат наменети за лекувањето на нашата сограѓанка деветгодишната Сандра Ническа.

< врати се назад