јануари 20, 2020
Ден на рибарите
На Денот на рибарите на 20.01.2020 тимовите за логистика на Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Охрид распределија дел од рибината чорба во семејствата со социјален ризик во Охрид како и на лица со хендикеп и стари лица кои не се во можност да присуствуваат на овој настан. На местото на одржување на настанот (Градско пристаниште) беше ангажирани и екипа на спасители на вода и медицинска екипа.