
мај 21, 2024
ДЕН НА ПОЖАРНИКАРИТЕ
По повод 20 мај – Денот на пожарникарите, Територијалната Против Пожарна Единица на градот Охрид организираше симулациска вежба на која беа поканети и волонтерите на Црвен крст Охрид.
На истата беше одржан свечен говор пред претставниците од Општина Охрид и други институции од градот, па гостите имаа можност да проследат симулација на спасување на повредени од сообраќајна несреќа.
Екипата по прва помош на Црвен крст Охрид која победи на Регионалниот натпревар пред една недела учествуваше во вежбата со санирање на повредите на глумците по извлекувањето од возилото од страна на пожарникарите.
Се заблагодаруваме за поканата за учество на ТППЕ Охрид и се надеваме на поголема соработка во наредниот период.








