јануари 15, 2020

Ден на безбедност на планина

Црвениот Крст го одбележува 15 јануари како “Ден на безбедноста на планина”. По тој повод, Планинската Спасителна Служба при Црвен Kрст Охрид, го искористи денот за  изведување на работни обврски и кондициски тренинг, со цел поставување на новиот репетитор за радио комуникација, кој значително ќе ги подобри капацитетите на Службата. Станува збор за репетитор, кој ќе ѝ овозможи на службата непречена комуникација во радиус од најмалку 50км, и со чија помош ќе биде покриен најголем дел од територијата на која делува ПСС Охрид. Репетиторот беше набавен во рамки на проектот “Регионот Охридско езеро – Безбедна дестинација за авантуристички туризам”, финансиран од Европската Унија, преку ИПА програмата за прекугранична соработка со Албанија.

Планинската Спасителна Служба при Црвен Крст Охрид, по овој повод упатува поздрави до сите колеги, волонтери и професионалци од спасителните служби низ светот, со искрени желби за успешна работа, многу заеднички планински дружби и што помалку спасителни операции.

< врати се назад