
јуни 15, 2020
Делење заштитни маски
На ден 15.06.2020 волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Охрид во периодот од 11 до 13 часот на градскиот чинар и центарот на градот делеа заштитни маски на случајни минувачи.
Акцијата беше организирана заедно со компанијата “КОСТАЛ” и беа поделени 400 заштитни маски.