декември 10, 2021

ДЕКЕМВРИ – МЕСЕЦ НА ДАРУВАЊЕ

Црвен крст Охрид организира хуманитарна акција во соработка со КАМ Village, преку која граѓаните заедно со волонтерите ќе имаат шанса да ги израдуваат дечињата кои живеат во социјален ризик.

📍Волшебната Елка ќе биде поставена во KAM VILLAGE, а на неа стојат лампиони со скромните желби на дечињата
🕗Акцијата трае од 13.12 до 23.12

Исполнете барем една детска желба и проширете го празничниот дух, духот на љубовта!❤

➡️КАКО?
1️⃣Посетете ја ВОЛШЕБНАТА ЕЛКА на Црвен крст во КАМ Village
2️⃣ Одберете лампион со име и новогодишна желба на детенце од социјално загрозено семејство
3️⃣Јавете се на бројот, донесете го подарокот и исполнете ја неговата желба!

Поклоните можете да ги оставите во:
📍KAM Village – кога има волонтери на штандот
📍HOTEL Village на рецепција (до KAM Village)
📍Црвен крст Охрид – секој работен ден од 08:00-16:00

📞Контакт: 072 645 451

❓Која е нашата целна група?
4️⃣0️⃣ деца од социјално загрозени семејства од училиштата во кои Црвен крст Охрид има свои основни организации.
❓Која е нашата цел?
Да се потрудиме оваа Нова година сите заедно да израдуваме неколку дечиња исполнувајќи ги нивните желби! За нивната среќа не треба многу♥

Со љубов,
Црвен крст Охрид 

< врати се назад